Македонската фудбалска експедиција летна за Риека

Македонската фудбалска репрезентација вечерва замина за Риека каде на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска, која се подготвува за настап на Европско првенство. По неколкудневните подготовки во Скопје, избраниците на селкторот Благоја Милевски ќе тренираат два дена во Риека, каде в понеделник на „Руевица“ ќе истрчаат на мегдан против „бронзените“ од последното СП-2022. По натпреварот против Хрватите, македонската експедиција ќе се врати во Скопје каде ќе продолжи со подготовките за вториот јунски контролен натпреавр против уште еден учесник на ЕП, Чешка со која ќе играа на 10 јуни во Храдец Кралове.

Треба да знаете
Последни објави