Наполи и Конте се договорија

Трофејниот италијански стратег Антонио Конте, кој го освојуваше „скудетото“ со Јувентус и Интер во новата сезона седнува на клупата кај ланскиот првак Наполи. Оваа сезона за тимот неапол беаш разочарувачка. Завршија на десеттата позиција во Серија А и не изборија ниту излез на евро-сцената. Сезоната ја почнаа со Руди Гарсија, продолжи Валтер Мацари, а пролетниот дел го завршија со Франческо Калцона. Медиумите во Италија некое време најавуваа дека Конте е решението според сопственикот на клубот Аурелио Де Лаурентис, за излез од кризата. Сега добро упатениот Фабрицио Романо го даде своето популарно „Here we go“ и најави дека сè е договорено за потпис на договорот меѓу Конте и Наполи. Тој откри дека Италијанецот ќе добие договор до 2027 година. Се очекува уште официјална потврда на потписот на договорот, па Конте по Европското првенство ќе ја започне новата авантура. Конте последниот ангажман го имаше во англискиот премиерлигаш Тотенхем, а од март минатата година е без клуб. Претходно во кариерата ги водеше Интер, Челзи, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арецо, а беше и селектор на Италија.

Треба да знаете
Последни објави