Search

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот рапер кој беше во затвор повеќе од година и пол поради поддршка на протестите организирани низ целата земја поради смртта на Махса Амини.

-Огранокот 1 на Револуционерниот суд во Исфахан го осуди Салехи на смрт под обвинение за корупција, изјави адвокатот на пејачот Амир Раисијан и најави дека ќе поднесе жалба на пресудата, јавуваат локалните медиуми.

Томај Салехи (33) беше уапсен во октомври 2022 година, откако јавно го поддржа бранот демонстрации што избувнаа еден месец претходно, предизвикани од смртта на 22-годишниот активист за човекови права во притвор во Иран.

Махса Амини почина на 16 септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран за наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Исламската Република за жените.

Нејзината смрт го предизвика најголемиот бран на опозиција на улиците во Иран, најголем од 2019 година кога владата одговори со брутална сила на протестите поради скокот на цените на горивото

Треба да знаете
Последни објави