Search

По шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

По пауза од шест години, на две кола пред крајот на фудбалската сезона во Холандија, екипата на ПСВ и теоретски ја обезбеди шампионската титула. За тимот од Ајндховен ова ќе биде 25. шампионски трофеј. Последен пат, ПСВ триумфираше во 2018 година, по што на сцена стапи Ајакс со освоени четири титули и една Феенорд. ПСВ денеска ја победи Спарта Ротердам со 4:2 и сега има 12 бода предност во однос на второпласираниот Феенорд кој е и со натпревар помалку. До титулата, тимот стигна со 28 победи, три нерешени резултати и само еден пораз (од НЕЦ), а на две кола пред крајот на првенството има неверојатни 107 постигнати голови и само 19 примени. Ајакс останува убедливо најуспешен тим во холандското првенство со 36 титули, следува ПСВ со 25, па Феенорд со 16.

Треба да знаете
Последни објави