Search

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“.

Според овој извор, на Фернадес ќе му требаат неколку недели за рехабилитација.

Поранешниот играч на Ривер Плата и Бенфика извесно време се жалеше на болки, но сепак играше.

Постоеше опција лекувањето да се одложи до летото, но по консултација со лекарите на лондонскиот клуб и аргентинската репрезентација, тој реши да оди на итна операција.

Планот е Фернандез да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.

Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра.

Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и непостојани.

Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за сините.

Треба да знаете
Последни објави