Search

Блинкен: Америка е посветена на безбедноста на Израел, но не беше вклучена во нападот врз Иран

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска по завршувањето на состанокот на Г7 во Италија изјави дека Вашингтон е посветен на безбедноста на Израел и дека САД не биле вклучени во ниту една офанзивна операција против Иран.

„Нема да зборувам за пријавените напади… Сè што можам да кажам е од наша страна, за сите членки на Г7, дека нашиот фокус е на деескалација“, им рече Блинкен на новинарите по состанокот на Г7 во Капри, Италија.

Блинкен го повика Израел итно да ги исполни своите обврски во врска со испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа, наведувајќи дека иако се преземени некои важни чекори, потребни се позначајни резултати, објави „Тајмс оф Израел“.

Неименуван ирански функционер претходно денеска, по извештаите на светските медиуми дека Израел извршил напад на иранска територија и дека одекнале експлозии во иранскиот град Исфахан, изјави дека не е потврдено дека инцидентот бил предизвикан од странство.

„Не идентификувавме никаков надворешен напад, а истрагата повеќе се стреми кон некој што се инфилтрира, наместо кон напад што дојде надвор од земјата“, рече официјалниот претставник.

Тој изјави дека Иран нема непосредни планови да му се одмазди на Израел. Американски функционер претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Треба да знаете
Последни објави