Search

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Евролигата излезе со официјално соопштение според кое е поставен нов рекорд на најелитното европско натпреварување.

Имено, регуларниот дел од сезоната во Евролигата во салите го следеа вкупно над три милиони луѓе, поточно 3.000.841.

Во салите во просек имало 10.383 гледачи што е зголемување за 18 отсто во однос на претходната сезона кога просекот беше 8.748.

-Навивачите покажаа повеќе од кога било дека сакаат да ги гледаат ѕвездите од Евролигата на дело. Имавме пораст од 18 проценти во однос на претходната сезона. Најзаслужен е Партизан, кој води во конкуренцијата по просечна посетеност од 19.916, но и 99 проценти зафатеност на салата на сите домашни натпревари. Просечната исполнетост на салите на натпреварите од регуларниот дел од сезоната изнесува 82 отсто, што е зголемување за два отсто во однос на претходната сезона. По Партизан, втор тим по просечна посетеност е Црвена звезда (17.842), потоа Жалгирис (14.773), како и Панатинаикос (14.526) – беше речено на прес-конференцијата што ја одржа Евролигата.

Како што се наведува, ова се официјалните бројки објавени од елитното натпреварување.

Треба да знаете
Последни објави