Search

Ново разочарување за Ливерпул на „Енфилд“ овојпат во трката за титулата

Ливерпул по шокантниот пораз од Аталанта (0:3) во ЛЕ, е изненаден на „Енфилд“ и од Кристал Палас (0:1) во 33. коло од англиската фудбалска Премиер лига, по што го губи чекорот во трката за титулата. Ливерпул е третопласиран со 71 бод, исто колку што има и Арсенал со натпревар помалку, а актуелниот првак и лидер Манчестер сити има два повеќе (73 бода) пред конкурентите. Кристал Палас успеа да ги издржи сите напади на „Енфилд“ и да забележи многу голема победа во борбата за опстанок. Се наоѓа на 14. позиција со 33 бодови. Стрелец на победничкиот гол беше Ебреци Езе во 14. минута.

Треба да знаете
Последни објави