Search

Терористите од нападот во Москва не се познавале меѓу себе

На социјалните медиуми се појави ново видео за кое се вели дека е уште едно признание на еден од уапсените терористи во врска со нападот во концертната сала во Москва, „Крокус“.

Лицето кое е снимено може да се забележи дека зборува руски јазик.На прашањето каде е фрлено оружјето употребено во нападот, тој одговара: „Не го знам градот, прашајте ги моите пријатели, тие знаат“.

РИА објави и фотографии од тројцата наводни напаѓачи откако беа уапсени.

Ниту една фотографија или видео од четвртиот напаѓач не е објавена во руските државни медиуми.

РИА наведе дека сите напаѓачи зборуваат „исклучително лошо“ руски, а еден од мажите комуницирал „преку преведувач“.

РИА пишува дека еден од напаѓачите спомнал дека се вратил во Русија од Турција на почетокот на овој месец. Медиумот тврди дека напаѓачите живееле заедно во хостел на северот на Москва, а двајцата се запознале само „пред 10-12 дена“.

Треба да знаете
Последни објави