Search

Стано: Во вторник тема на средбата меѓу Белград и Приштина ќе биде забраната на динарот 

– Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања од Западниот Балкан, Мирослав Лајчак за во вторник во Брисел закажа нова рунда разговори меѓу шефовите на преговарачките делегации на Србија и Косово, информира денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

 – Тие ќе ја продолжат дискусијата започната пред неколку недели во врска со одлуката на косовската Централна банка во однос на динарот, а ќе разговараат и за други прашања поврзани со дијалогот, истакна Стано.

 На претходна средба посветена на одлуката за забрана на употребата на други валути во Косово освен еврото, косовската страна не ја претставуваше владина делегација, туку претставници на Централната банка, но според Стано, средбата во вторник ќе се одржи на ниво на шефови на преговарачките тимови и ќе се разговара за надминување на проблемите што настанаа со стапувањето на сила на ова еднострано решение.

Треба да знаете
Последни објави