Search

Курти го одбил предлогот на Ескобар времено да ја суспендира одлуката за забрана на српскиот динар во Косово

Високиот американски претставник на САД за Западен Балкан, заменикот државен секретар Габриел Ескобар на крајот од неговата дводневна посета на Косово изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја суспендира одлуката за забрана на употреба на српскиот динар во Косово, додека Европската унија, САД и Владата на Косово не најдат долгорочно решение. -Премиерот рече дека тоа е одлука на независна институција, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа. Ескобар сепак не го напушта оптимизмот и додаде дека се уште се надева оти решение ќе се најде во вторник, кога во Брисел ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија. Тој додаде дека не добил никаква гаранција од Курти во однос на подобрувањето на нацрт-статутот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово. Високиот американски претставник за Западен Балкан признава дека има „многу разочарување од оваа Влада на „Самоопределување“, не само во Вашингтон, туку и во Брисел, Рим, Берлин и Париз“.

Треба да знаете
Последни објави