Search

9 лица загинаа, а едно дете преживеа во судир на комбе со Амиши и камион во САД

Откако комбе и товарен камион се судрија во петокот во Висконсин, загинаа девет лица – меѓу кои седум членови на заедницата Амиши. Од комбето при судирот испаднало единственото дете (2) кое ја преживеало несреќата. Го спасил човек кој бил сведок на несреќата, објави Фокс њуз.


„Мислам дека Бог ме стави таму со причина“, изјави Натаниел Јан за весникот, додавајќи дека за жал не можел да им помогне на другите бидејќи комбето набрзо се запалило. Во несреќата загинале двајцата возачи и седум сопатници. Речиси сите жртви во комбето биле Амиши од заедницата Буркс Гарден во Вирџинија.

Нивната заедница извести дека Амишите кои умреле биле на возраст од 6 месеци до 44 години. Меѓу жртвите била и помладата сестра на преживеаното момче, двајцата негови родители, неговата баба и две тетки.

Треба да знаете
Последни објави