Search

Петмина загинати во руските напади врз Одеса

Пет лица загинаа во денешните руски напади врз Одеса, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис беа во посета на пристаништето, соопштија украинските власти.

– Го потврдуваме нападот на пристанишната инфраструктура на градот Одеса. Ја потврдуваме смртта на пет лица. Има и ранети, изјави портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук.

Руското Министерство за одбрана ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз пристаништето Одеса, велејќи дека руските сили погодиле „хангар каде што украинските вооружени сили подготвуваат поморски дронови за борба“

Треба да знаете
Последни објави