Search

Се откажуваат сите настани, дури и детски родендени, Бени Шаќири става клуч на МКЦ?

Актуелниот директор на Младинскиот културен центар Арбен Бени Шаќири решил од утре да ги откаже сите настани во МКЦ, вклучително и детски родендени.

Ова се гледа од меил преписката што еден читател на 24инфо.мк ја имал со МКЦ.

Токму роденденот на неговото дете е првиот откажан настан од страна на директорот на МКЦ.

Во меилот како образложение за откажувањето се наведени директиви на државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предизборниот период кои не се конкретно наведени.

Но дури и да се наведени, останува нејасно која е таа директива која забранува организирање на претходно закажни детски родендени.

Револтот кај родителот е голем, а тој тврди дека знае за уште неколку вакви како што тој вели целосно аматерски и непрофесионални постапки на директорот Шаќири.

Треба да знаете
Последни објави