Search

Стано: Едностраните потези на Приштина ја отежнуваат ситуацијата во дијалогот со Белград

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, денеска изјави дека ЕУ не се плаши од статус кво ситуација во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Според Стано дијалогот продолжува, но Брисел стравува дека луѓето би можеле да бидат губитници, особено поради едностраните одлуки и однесувањето на Приштина. -Не се плашиме од статус кво, не се плашиме од ќорсокак, всушност не се плашиме од ништо поврзано со тоа, се плашиме само дека луѓето во Косово и Србија би можеле да бидат изоставени од она што го имаат од пристапниот процес, истакна Стано. Портпаролот на ЕК нагласи дека дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува и оти се постигнува напредок во тој процес. -Дијалогот продолжува. Продолжуваме да работиме на напредок во овој процес, да им помогнеме на страните конечно да почнат да се однесуваат конструктивно за да можат да одат напред, рече Стано. Тој нагласи дека сè што беше споменато и на што реагираше ЕУ, особено кога станува збор за приштинската страна, односно „едностраните одлуки и работи што предизвикаа загриженост“, заедно со „начинот на комуникација“ од страна на приштинските власти, ги развива стравувањата на ЕУ дека „Косово би можело да биде изоставено“.

Треба да знаете
Последни објави