Search

Самарас: Извештајот на Бакојани за Косово не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас денеска ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја. -Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот, рече Самарас. Според поранешниот премиер Грција треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

Треба да знаете
Последни објави