Search

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само Бугарија е полоша

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска нагласи дека Хрватска е дното на ЕУ кога се гледаат поранешните социјалистички земји, и дека „единствено Бугарија е полоша од нас“ порачал хрватскиот претседател од Златар, каде присуствувал на свечената седница по повод Денот на градот.  -Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога ништо да не им се случи да има кој да биде последен….Тоа не е она со што треба да се задоволиме. Сега немам ништо со ниту една партија, ниту со ниту еден изборен список. За почеток, Хрватска мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција со Унгарија, Чешка, а не со Данска и Шведска, да биде како Словенија, која имаше менаџерски способности и среќа да се развие малку поинаку отколку Хрватска во изминатите 30 години и можете да го видите тоа, рече Милановиќ.

Треба да знаете
Последни објави