Search

Челзи врза три победи во Премиер лигата за прв пат од 2022 година

Челзи попладнево на домашен терен го победи Фулам со 1:0 во натпреварот од 21. коло на Премиер лигата.

Лондонци ја остварија третата последователна победа во Премиер лигата. Претходно избраниците на Маурисио Покетино ги победија Кристал Палас (2:1) и Лутон Таун (3:2).

Ова се случи за прв пат од октомври 2022 година. Тогаш „сините“ победија четири меча по ред, победувајќи ги Вест Хем (2:1), Кристал Палас (2:1), Вулверхемптон (3:0) и Астон Вила (2:0).

По победата над Фулам, Челзи освои 31 бод и се искачи на осмото место во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави