Search

Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со уште еден тренер

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, повторно стана актуелен во медиумите поради промените во стручниот штаб.

Имено, 36-годишниот тенисер на својот Инстаграм профил објави дека решил да ја прекине соработката со фитнес тренерот Марко Паничи.

„Почитуван Марко, периодот на нашата соработка беше прекрасен – освојувавме титули и соборивме рекорди. Што е најважно, уживав во најобичните тренинзи на теренот и надвор од него. Безброј часови „карциофини“ и смеа кои ме мотивираа да се подготвам за да постигнам успех. Голем Римјанин (како што те нарекува Горан), ти благодарам за целата енергија, труд и време што го вложи за да станам најдобар можен играч и човек. Многу љубов за вас и се гледаме наскоро во Рим“, напиша Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави