Search

По Манчестер јунајтед и Саутемптон го пикира Миовски

По информацијата во медиумите на Островот дека англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед е заинтересиран за да го ангажира македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски од редовите на шкотскиот Абердин, денеска неговото име се поврзува и со Саутемптон.

„Дејли Рекорд“ пренесува дека Саутемптон кој во овој момент се натпреварува во Чемпионшип (втората англиска лига) сака да го доведе македонскиот голгатер.

Претходно Селтик се истакнуваше како најсериозен кандидат, меѓутоа Саутемптон би можел да им биде сериозна конкуренција. За Манчестер Јунајтед засега нема потврда за интересот и тоа е во рамките на шпекулација.

Абердин се премислува и сака да го задржи Миовски во своите редови, но ако се најде клуб кој би платил шест милиони евра тогаш тие се спремни да го продадат. Миовски во редовите на Абердин пристигна од МТК Будимпешта за сума од 650.000 евра и по две сезони во Шкотска неговата цена драстично се зголеми.

Треба да знаете
Последни објави