Search

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Потпретседателот на Бешикташ Хусеин Јуџел потврди дека клубот од Истанбул започнал преговори со португалскиот тренер Жозе Мурињо, пренесуваат медиумите во Турција.

Жозе моментално е надвор од терените, бидејќи на почетокот на годината доби отказ од Рома.

– Мурињо и јас се запознавме преговори пред еден месец во Истанбул. Му ја претставив идејата за иднината на клубот и какви се нашите амбиции во наредните години. Рече дека му се допаѓаат тие идеи и побара да му се даде малку време за размислување – изјави Југел.

Тој истакна дека Бешикташ ќе најде пари за да го ангажира португалскиот тренер.

– Неговата цена е меѓу осум и 10 милиони евра годишно, а таа финансиска конструкција ќе можам да ја затворам, пред се благодарение на спонзорите. Тој е феноменален тренер и заслужува да биде дел од нашиот клуб. Доколку не сака да ја прифати нашата понуда, тогаш ќе треба да најдеме друго решение – посочи Југел.

Пред крајот на турската Суперлига, Бешикташ е на петтото место на табелата со 56 бодови.

„Црно-белите“ ќе играат против Трабзон во финалето на Купот на Турција на 23 мај.

Треба да знаете
Последни објави