Search

Васоски е нов тренер на Силекс

Довчерашниот тренер на најтрофејниот македонски фудбалски порволигаш Вардар, Александар Васоски, е нов тренер на кратовски Силекс. Од Кратово во Скопје на клупата кај „црвено-црните“ се најавува дека ќе пристигне тренерот Горазд Михајлов.

Со ангажманот на Васоски, Силекс останува со амбиции за највисок пласман. Васоски во Македонија покрај Вардар го предводеше и тимот на Брера, а беше и на кормилото на босанскиот прволигаш Сараево.

Треба да знаете
Последни објави