Јапонија успешно лансираше вселенско летало во орбитата на Месечината

Јапонската вселенска агенција денеска објави дека успешно ја лансирала сондата „Слим“ во орбитата на Месечината, која треба да слета на нејзината површина на 20 јануари.

Напредната истражувачка сонда „Месечев снајпер” може да лета на 100 метри од одредена точка на површината на Месечината, пренесува Кјодо.

Доколку слетувањето биде успешно, Јапонија би станала само петтата земја што слетала сонда на Месечината, по САД, Русија, Кина и Индија.

Сондата беше лансирана на 7 септември од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија, а нејзиното првобитно лансирање, закажано за мај оваа година, беше одложено поради неуспешно лансирање.

Треба да знаете
Последни објави