Search

Дваесет и четиригодишен студент е извршител на масовното убиство на Универзитетот во Прага

Извршител на масовното убиство во Прага е 24-годишен студент кој претходно бил поврзан со друго насилно убиство во селото Кладно, 24 километри од чешката престолнина, пренесуваат тамошните медиуми. Полицијата, при потрагата по Давид Козак, утврдила дека тој всушност е извршител на масовното убиство на Универзитетот во Прага. Новинската агенција Акту.цз наведува дека напаѓачот користел „долго оружје со оптика“. Од пукотницата во зградата на Филозофскиот факултет и Факултетот за уметност на Карловиот универзитет во Прага загинати се најмалку 11 луѓе, а повеќе од 20 се повредени од кои девет тешко, пренесе чешката новинска агенција ЧКТ. Полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран.

Треба да знаете
Последни објави