Владата утврди текст на Дополнет Предлог Буџет 2024 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 210. седница утврди текст на Дополнет Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието на Република Северна Македонија, а се направени и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог Буџет.

Клучните елементи на Дополнетиот Предлог Буџет за 2024 година се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.

Утврдениот Дополнет Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, Владата го испраќа на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави