Search

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации, не постојат никакви киднапери, полицијата ја гарантира безбедноста

Откако вечерва на социјалните мрежи се појавија фотографии со група на лица за кои се тврдеше дека се киднапери кои се обидуваат да киднапираат деца околу градот Скопје, се огласија и од Министерството за вантрешни работи

„Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации, полицијата ја гарантира безбедноста

Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави