Search

Борел најави нов пакет санкции против Русија

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел денеска најави дека Европската комисија оваа недела треба да го предложи 12-тиот пакет санкции против Русија.

Борел по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ изјави дека Комисијата на состанокот во среда би можела да одлучи за тој предлог и да го испрати на усвојување до Советот на ЕУ.

Новиот, 12-ти пакет ќе вклучува нови забрани за извоз, меѓу другото, дијаманти, потоа нови чекори за ограничување на цените на нафтата со цел да се намали приходот што Русија го добива од продажбата на нафта, заедно со нови мерки против заобиколувањето на санкциите.“, рече Бореl.

Од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари минатата година, Европската унија веќе усвои 11 пакети санкции против Русија.

Треба да знаете
Последни објави