Search

Либан го обвини Израел за гранатирање болница

Либанското Министерство за здравство денеска го осуди „израелското гранатирање на државната болница во Мејс Еџ Џабал, јужен Либан, во кое беше ранет здравствен работник“, јави ДПА.

„Нападот на здравствените установи и нивниот персонал претставува грубо кршење на меѓународното хуманитарно право и ги става во опасност животите на невиниот персонал и пациентите“, се вели во соопштението на либанското Министерство за здравство.

Министерството наведува дека „израелските власти се целосно одговорни за овие неоправдани акции, кои би можеле да имаат катастрофални последици“ доколку артилериската граната целосно експлодирала.

Локалните медиуми јавија дека проектилот паднал во близина на влезот на итната медицинска помош на болницата и дека „за среќа имало само скршено стакло“.

Израелската армија соопшти дека го истражува инцидентот. 

Треба да знаете
Последни објави