Search

На врвот на Водно веќе трета година нема контејнери

Свесни сме за негативната кампања која политичките чинители ја водат на социјалните мрежи, со цел да наштетат на ЈП Комунална хигиена Скопје и градските претпријатија.

Што се однесува на лагите кои се шират на социјалните мрежи, а се однесуваат на неисчистени контејнери на врвот на Водно сакаме да ја информираме јавноста дека на таа локација веќе трета година нема контејнери. Оттука, фотографијата која се шири на социјалните мрежи е стара најмалку три години.

Апелираме, граѓаните да не потпаѓаат на ваквите лаги и манипулации, и секогаш да ги проверуваат фактите. Впрочем, во градот Скопје веќе втора година активно работи новата градска служба „24 часа отворен град“ каде можете да се информирате од прва рака за сѐ што ви е од интерес или да пријавите проблем. Службата можете да ја добиете на e-mail 24@skopje.gov.mk или на на тел.број 02 3297 255 и 02 3207 536.

Треба да знаете
Последни објави