Search

Навивачите на Шведска ќе бидат советувани да не ги носат нивните национални бои кога патуваат

Навивачите на шведските фудбалски клубови ќе бидат советувани да не носат национална облека кога патуваат на натпревари во странство, по убиството на двајца Швеѓани пред нивниот квалификациски натпревар за ЕП 2024 против Белгија. Натпреварот меѓу Белгија и Шведска во Брисел, во квалификациите за Европското првенство, беше прекинат синоќа на полувремето, откако напаѓач уби двајца шведски навивачи пред натпреварот.

Најмалку еден навивач кој беше убиен носел дрес на репрезентацијата на Шведска

Двајца навивачи излегоа од такси во близина на стадионот „Крал Бодуен“ каде се играше натпреварот, а потоа побегнаа во зградата пред да бидат застрелани од тунискиот напаѓач, кој објави видео на интернет велејќи дека Куранот е „црвена линија за која тој е подготвен да се жртвува“.

Шведска неодамна ја подигна тревогата за тероризам на повисоко ниво по серијата инциденти во кои крајнодесничарските екстремисти го запалија Куранот, што доведе до закани од исламистичките милитантни групи.

На прес-конференција во Стокхолм, шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека „сè укажува дека станува збор за терористички напад врз Шведска и шведските граѓани, само затоа што се Швеѓани“.

Шефот за безбедност на Шведската фудбалска асоцијација, Мартин Фредман, изјави дека на навивачите кои патуваат во странство ќе им се советува да не носат сина и жолта облека, боите на шведското знаме.

„Ова е случај кога насилникот ги таргетирал шведските граѓани, па би било за осуда да не се препорачува да избегнуваме да носиме шведски бои кога одиме на ваков вид на патување“, рече тој.

Фредман додаде дека не добил таков совет од белгиските власти пред натпреварот во понеделник.

Шведската национална спортска конфедерација, тело кое ги надгледува различните спортски асоцијации во земјата, објави список на превентивни мерки што треба да ги преземат оние кои патуваат во странство за спортски настани.

Шведските репрезентативци денеска по синоќешниот натпревар се вратија во своите клубови од Брисел.

Тие отидоа директно на аеродромот од стадионот, кој беше затворен два и пол часа од безбедносни причини, пред да започне евакуацијата околу полноќ.

Последните навивачи го напуштија стадионот околу 4 часот по полноќ и во хотелите ги чуваше полиција.

Треба да знаете
Последни објави