Search

Македонија го реши контролниот-тест со Ерменија

Во пријателски натпревар одигран попладнево во Струмица, македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 3:1.

Еден гол во првото и два во второто постигнаа избраниците на македонскиот селекторот Благоја Милевски. Во 43. минута резултатот го отвори Александар Трајковски.

Милан Ристовски во 59. минута ја удвои предноста, откако претходно Елиф Елмас ја погоди стативата. На асистенција на Елмас падна и третиот гол. Ердон Даци реализира во 88. минута. Конечните 3:1 ги постави Едуард Спертсјан во 90+4 минута.

Милевски на овој натпревар се одлучи за комбиниран состав. Тој шанса за настап им даде на повеќе играчи кои на официјалните натпревари за бодови почесто се на клупата за резерви.

Во однос на саботната средба со Украина во македонскиот состав имаше осум нови фудбалери.

Треба да знаете
Последни објави