Search

Кошаркарите на Фенербахче го победија Панатинаикос, Ефес го надигра Асвел во Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче вечерва во Истанбул го совладаа тимот на Панатинаикос со резултат 83:69 (27:9, 16:19, 24:17, 16:24) во натпреварот од третото коло на Евролигата.

Најефикасен во тимот на Фенербахче беше Јоргос Папаѓанис со 15 поени, додека Џонатан Мотли даде 14. Српскиот кошаркар Марко Гудуриќ за 23 минути на теренот постигна 12 поени и имаше два скока и пет асистенции. Кај гостите најдобар беше Матијас Лесор со 19 поени.

Фенербахче има две победи и пораз, а Панатинаикос има еден триумф и два неуспеси. Фенербахче во следното коло ќе го пречека Асвел, додека Панатинаикос на домашен терен ќе игра со Макаби.

Кошаркарите на Ефес вечерва на свој терен го совладаа Асвел со 89:84. Во победничкиот тим најдобар беше Вил Клејберн со 19 поени, додека Шејн Ларкин додаде 18. Кај гостите најефикасен беше Нандо де Коло со 25 поени.

По три кола Ефес има скор 1/2, а Асвел 0/3. Ефес во следното коло ќе ја пречека Валенсија, додека Асвел ќе биде домаќин на тимот на Фенербахче.

Треба да знаете
Последни објави