Search

Казахстан по пресврт ја победи Финска

Фудбалерите на Казахстан вечерва ја совладаа Финска со 2:1 во натпреварот од осмото коло од квалификациите од групата Х за пласман на Европското првенство.

Финска поведе со голот на Роберт Тејлор во 28. минута, а пресврт на Казахстан му донесоа головите на Бахтиор Зајнутдинов во 77. од пенал и во 89. минута.

Казахстан е на третото место во групата со 15 бодови, а Финска е на четвртата позиција со 12 бодови.

Во следното коло Казахстан ќе го пречека Сан Марино, додека Финска ќе биде домаќин на Северна Ирска.

Треба да знаете
Последни објави