Search

Инциденти на натпреварот меѓу Србија и Црна Гора

Навивачите на репрезентацијата на Црна Гора направија инцидент во 75. минута на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, додека фрлаа со столчиња кон симпатизерите на Србија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 година.

Инцидентите се случија во второто полувреме. Црногорските навивачи прво го скандираа името на Дритон Чамај, а потоа во 74. минута Србија поведе со 2:1 со голот на Александар Митровиќ.
Приврзаниците на Србија потоа им скандираа на црногорските навивачи: „Зошто молчите?“. Црногорските навивачи, кои беа сместени на посебен дел меѓу западната и јужната трибина, потоа почнаа да фрлаат столчиња во правец на српските приврзаници. Навивачите на двете селекции потоа си фрлаа столчиња.

Жандармеријата потоа влезе на трибините, создавајќи тампон зона околу навивачите на гостинската репрезентација. Ситуацијата се смири по неколку минути, а играта не беше прекината.

Треба да знаете
Последни објави