Search

За 10 проценти се зголемуваат платите на над 6000 вработени во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје со кој платитена на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија се зголемуваат за 10 проценти.

Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.

Пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, ја поддржа иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите.

Треба да знаете
Последни објави