Search

Најмалку 150 луѓе загина во невремето во источна Либија 

Телевизијата Ал Арабија објави дека во либискиот град Дерна загинале најмалку 150 луѓе  во поплавите предизвикани од бурата Даниел. Надојдената вода оштети домови и улици.

Портпаролот на Либиската национална армија (ЛНА), Ахмад Месмари изјави дека седум војници се водат како исчезнати.

Бурата Даниел ги погоди градовите Бенгази, Сусa, Ал Бајда и Дерн.

Поради надојдената вода прогласена е вонредна состојба, затворени се училиштата, продавниците, а воведен е и полициски час. Затворени се и четирите големи либиски нафтени пристаништа – Рас Лануф, Зуеитина, Брега и Ел Сидр.

Премиерот на привремената влада во Триполи, Абдулхамид Дбеиба вчера изјави дека им наредил на сите државни агенции веднаш да се погрижат за штетите и поплавите во источните градови

Треба да знаете
Последни објави