Search

Роналдо го трогна целиот свет, еве што реши Португалецот по трагедијата што го погоди Мароко

Многу спортисти уште еднаш покажаа големо срце во најтешките социјални моменти. Снимката од силниот земјотрес во Мароко (6,8 степени според Рихтеровата скала) во кој животот го загубија над 1.000 луѓе го обиколија светот, а фудбалерите во тешки моменти се вклучија во хуманитарните акции.

Некои Мароканци бараат привремен дом на безбедни места во Маракеш, односно во слободни хотели и куќи во кои е планирано да се сместат жителите кои останале без покрив над главата.

Светските медиуми, меѓу кои и шпанска Марка, пишуваат дека набргу по природната катастрофа, Кристијано Роналдо стапил во контакт со неговиот тим и на земјата и го дал својот хотел на бесплатно користење.

Во хотелот „Pestana C7 Marrakech“ со локација на периферијата на градот, Мароканците ќе престојуваат додека не се обезбеди друго сместување. Понатаму, тимот на познатиот Португалец ќе обезбеди бесплатни оброци во ресторанот на хотелот, кој е оценет четири ѕвезди и вклучува фитнес центар, градина, луксузна тераса и бар.

Во хуманитарните акции се вклучија и репрезентативци на Мароко. Популарно наречените „Атлас Лавови“ вечерва требаше да играат против Либерија во рамките на квалификациите за Африканскиот куп на нации, но натпреварот очигледно беше одложен. Поради тоа, играчите предводени од Валид Реграги заминаа во медицинскиот центар во Агадир за да даруваат крв за повредените во страшниот земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави