Search

Алкараз нема да игра за Шпанија во Дејвис купот

Најдобриот шпански тенисер во овој момент, Карлос Алкараз нема да ги брани боите на својата земја на претстојниот Дејвис куп, кој е на програмата од 12. до 17. септември во Валенсија.

Се уште актуелниот број 1 на АТП листата, одлуката ја донесе по вечерашниот пораз во полуфиналето на Ју-ес опен од Данил Медведев (3:1 во сетови).

„Ќе го слушам моето тело и ќе видам како ќе се разбудам утре. Се грижам за себе повеќе од вообичаено и ќе видиме што моето тело бара од мене. Ова беше долга турнеја и ми треба одмор“, изјави Алкараз веднаш по мечот, а неколку часа подоцна и официјално беше потврдено неговото повлекување.

Шпанска „Марка“ пишува дека „заморот насобран на американската турнеја на тврди подлоги, во комбинација со непријатност во бутот на левата нога ја искомплицирале ситуацијата“.

Тенискиот сојуз на Шпанија реши да го замени Алкараз со ветеранот, 35. годишниот Алберт Рамос.

Шпанската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 13. септември против Чешка. Два дена подоцна ќе игра против Србија, а во недела на 17. септември со Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави