Search

Победнички старт на Ѓорческа во Виена

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучерс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа денеска во првото коло ја совлада домашната тенисерка Алина Михалич со 2-0 во сетови (6-2, 6-2), која на турнирот настапуваше со вајлд карта.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Арабела Колер од Австрија и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија. 

Треба да знаете
Последни објави