Search

Македонските одбојкари во осминафиналето против Италија или Србија

 Македонската одбојкарска репрезентација во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против кодомаќинот Италија или Србија, а противникот ќе биде познат по исходот од вечерашниот дуел на „црвено – жолтите“ против Чешка со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во случај на победа, македонските одбојкари ќе го освојат третото место во групата Ц и во својот дебитантски осминафинален натпревар ќе играат против Србија на 10 септември во Бари, додека во случај на пораз, противник во нокаут фазата ќе им биде Италија ден порано, исто така, во Бари.

Претходно денеска во рамки на завршното коло во групата Ц ќе играат Полска и Црна Гора.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во досегашните четири натпревари на Европското првенство ги совладаа Данска (3-1) и Црна Гора (3-0), а загубија од Полска и Холандија со идентични 3-0 во сетови.

Треба да знаете
Последни објави