Search

За мнозинството жители на ЕУ, руската агресија врз Украина е закана за безбедноста на ЕУ

Мнозинството луѓе во земјите од Европската Унија сметаат дека руската инвазија на Украина е закана за безбедноста на Унијата, најмногу во Шведска 95 отсто, а најмалку во Бугарија 65 проценти, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци од последниот Евробарометар. 

Повеќе од една година по нападот на Русија врз Украина, граѓаните во сите членки на ЕУ се согласни дека руската инвазија е ризик за безбедноста во Европа.

Најмал процент на луѓе кои сметаат така има во Бугарија (63%) и во Романија (69%). Во сите други ЕУ земји, нивниот број е над 70%.

Во Полска и Литванија 89% мислат дека војната на Украина е закана за безбедноста на ЕУ, во Холандија (90%), Финска (91%), Малта (92%) и најмногу во Шведска (95%).

Треба да знаете
Последни објави