Search

Чеферин: Нема место за саудиски клубови во Лигата на шампиони

 Само европските клубови можат да настапуваат во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, изјави денеска за француски Л’Екип, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Неговата изјава доаѓа како реакција на наводите дека Саудиска Арабија во блиска иднина сака да има свој претставник во елитната европска Лига на шампиони.

„Не мислам дека парите од Саудиска Арабија се закана за европскиот фудбал. Слични примери имавме и порано. Фудбалерите заминуваа за Кина, од таа земја се нижеа големи понуди, но кинескиот фудбал не напредуваше поради тоа. Таквиот пристап не е вистинскиот, мислам дека во Саудиска Арабија, или, на кое било друго место треба да инвестираат во едукацијата и напредокот на играчите и тренерите“, рече Чеферин, осврнувајќи се притоа и на двете најголеми европски фудбалски ѕвезди во моментов.

„Колку што јас знам, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд не сонуваат да заминат во Саудиска Арабија. Повторувам, навистина не верувам дека во која било смисла ќе биде загрозен квалитетот на нашите натпреварувања“, посочи челникот на УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави