Search

Нова сензација во Њујорк, елиминиран Каспер Руд

Минатогодишниот финалист на ју-ес опен, Каспер Руд, оваа година доживеа сензационална елиминација во второто коло на грен слем турнирот во Њујорк.

Моментално петтиот тенисер во светот е поразен по пет сета од Кинезот Жижен Жанг со резултат 6:4, 5:7, 6:2, 0:6, 6:2.

Руд, кој сезонава го освои само Есторил, со овој пораз во второто коло ќе доживее пад од најмалку четири позиции на АТП листата.

Неодамна на Ролан Гарос, Жанг успеа да освои еден сет против Руд, а сега успеа да го победи после три часа и 21 минута голема борба.

Негов следен ривал ќе биде Ринки Хиџиката.

Инаку, Руд е уште еден од Топ 10 играчи кои беа елиминирани, а кои беа во делот на костурот каде што се наоѓа Новак Ѓоковиќ.

Малку порано беа елиминирани Холгер Руне и Стефанос Циципас, а во ждрепката останаа Американците Френсис Тиафо и Тејлор Фриц.

Треба да знаете
Последни објави