Search

Лукаку ќе почне нова приказна со „специјалниот“ овојпат во Рома

Рома официјално го објави потписот на Ромелу Лукаку. Напаѓачот се приклучува на „волчицата“ на позајмица од Челси до следното лето, без вклучена опција за негово купување.
30-годишниот Белгиец ќе го носи дресот со број „90“. Според информациите од Рома, тие платиле меѓу 5 и 8 милиони евра за изнајмување на Лукаку, а тој се согласил и на значително намалување на платата која ја добивал во Челси, а сега ќе заработува околу 7,5 милиони евра годишно, што е за речиси 4,5 милиони помалку од договорот на „Стемфорд Бриџ“. Трансферот на најдобриот стрелец беше постигнат по многу перипетии и трансфер пресврти.

Првично се веруваше дека Лукаку сигурно ќе остане во Интер, но откако стана јасно дека преговарал и со Јувентус, „нероаѕурите“ одбија дополнително да преговараат за него. Лукаку исто така беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија, но на крајот ја избра Рома, каде повторно ќе соработува со Жозе Мурињо.

Минатата сезона Лукаку одигра 37 натпревари за Интер, постигнувајќи 14 голови и 7 асистенции.
„Навивачите на Рома ми беа неверојатни – едвај чекам да започнам. Сопствениците овде имаат огромни амбиции“, изјави самиот фудбалер за клупската веб-страница на својот нов тим.

Треба да знаете
Последни објави