Search

Нова епизода од трансфер-приказната на Реал Мадрид и Мбапе вредна 160 милиони евра

Фудбалската приказна за Реал Мадрид и Килијан Мбапе… можно е да финишира со среќен крај на истекот од овој преоден рок. Новата епизода за преселба на француската мегаѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“ се појави денеска во шпанските медиуми.

Според медиумите Реал Мадрид е согласен да плати 160 милиони евра и да го доведе во своите редови Килијан Мбапе до крајот на летниот преоден рок. Напаѓачот би потпишал шестгодишен договор и би имал годишна плата од околу 60 милиони евра, плус бонуси.

Така веројатно би биле задоволни сите три страни. Реал Мадрид ќе добие врвен напаѓач во периодот кога се повреди и Винисиус Жуниор, ПСЖ би добил одлична отштета, со оглед дека следното лето Мбапе би можел да замине како слободен играч, а фудбалерот конечно би ја исполнил својата голема желба, да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Треба да знаете
Последни објави