Search

Девојка се породи во тоалет на автобуската станица во Белград, бебето паднало во ВЦ шољата

Дваесетгодишна девојка денес се породи во тоалетот на Автобуската станица во Белград.
Здравка Рутиќ, хигиеничарка на тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, била сведок на неверојатна сцена.

-Слушнав како некој вика: „Помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов девојка многу вознемирена, тотално без памет! Жената на околу 20 години веќе се породила, а детето паднало во ВЦ шоља! Го извадив бебето, цело беше сино! Успеав да го оживеам!“, изјави Рутиќ за српските медиуми.

Таа изјавила дека вакво нешто никогаш не и се случило. За среќа, според неа, се заврши добро. Таа изјавила дека обезбедувањето дошло набрзо и повикало брза помош. По телефон им било кажано што понатаму, односно како да ја врзат папочната врвца.

После тоа ги чекале лекарите. Рутиќ наведува дека девојчето родило момче.

Треба да знаете
Последни објави