Search

Лицата кои се превезувале во малиот авион што се урна кај Загреб се хрватски државјани

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го посети местото на несреќата на спортскиот авион „Цесна 182“, во која едно лице загина, а три се повредени и соопшти дека сите патници се хрватски државјани. Сите повредени лица се згрижени и, според првичните информации, не се во животна опасност. На местото на несреќата пристигнаа и претставници на агенцијата за истрага на несреќи во воздухопловниот, железничкиот и поморскиот сообраќај, кои ќе подготват извештај за причините за уривањето на малото летало. Окружниот центар 112 пријавил дека во 15 часот и 47 минути добиле пријава за пад на авион „цесна 182“ со унгарски регистерски таблички во кој имало пет лица. Двајца од полесно повредените се пренесени во болницата во Виноград, а сопатникот со повреди на главата е пренесен во друга клиника. За лоцирање на соборениот авион на  службите им беа потребни час и половина, а Марин Лукас, шеф на станицата ХГСС во Загреб, за медиумите изјави дека се работи за пад на авион што се користел за транспорт на падобранци.

Треба да знаете
Последни објави