Барселона се „ослободи“ од Цинриќ

Повеќекратниот европски ракометен првак, шпанската Барселона, го раскина договорот со хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ. Следната дестинација на поранешниот ракометар на Вардар и Металург, од каде се вивна во ракометните височини најверојатно ќе биде романскиот Динамо Букурешт.

Романскиот клуб не доби „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите оваа сезона и ќе се натпреварува во Европската лига.

„Ел Мундо Депортиво“ објави дека Хрватот кој пристигна во Барселона во 2019 година два месеца преговарал околу раскинот на договорот кој му завршуваше на истекот од сезоната 2024/25. Каталонскиот клуб сепка успеа да се „ослободи“ од скапо платениот Циндриќ и да ги намали трошоците поради финасиската криза во која се наоѓа. Платата на Циндриќ изнесуваше нешто над 30.000 евра месечно.

Динамо Букурешт веќе најави дека за следната сезона ќе има на располагање буџет од 3,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави