Search

Квадрадо договори соработка со Интер

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Хуан Квадрадо, премина во Интер, објави официјалниот сајт на миланскиот клуб.

Триесет и петгодишниот колумбиски фудбалер потпиша договор со „неро-аѕурите“ до 2024 година.

На крајот на јуни Јувентус најави заминување на Квадрадо. Тој за „Старата дама“ настапуваше од 2015 година, одигра 314 натпревари, постигна 26 гола и 65 асистенции. 

Треба да знаете
Последни објави