Search

Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската кандидатура за членство

Генералното собрание на Обединети нации денеска со големо мнозинство изгласа резолуција за подобрување на статусот на Палестинците во ОН, вклучително и полноправно членство на Палестина во светската организација. Резолуцијата е усвоена со 143 гласови „за“, девет „против“ помеѓу кои САД и Израел. Додека 25 земји беа воздржани. Тоа не им дава на Палестинците полноправно членство во ОН, туку едноставно ги признава како квалификувани да се приклучат. Резолуцијата на Генералното собрание „утврдува дека Државата Палестина … треба да биде примена за членство“ и „препорачува Советот за безбедност да го преиспита прашањето позитивно“. Апликацијата за да стане полноправна членка на ОН прво треба да биде одобрена од 15-члениот Совет за безбедност, а потоа и од Генералното собрание. Ако мерката повторно биде изгласана од Советот, најверојатно САД повторно ќе стават вето. Со денеска изгласаната резолуцијата Палестинците добиваат некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година – како место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но нема да имаат право на глас

Треба да знаете
Последни објави